X
 04.07.2026 Живот

Менталниот фитнес станува поважен од физичкиот - секој ден треба да го тренираме мозокот

Порано зборувавме за менталното здравје дури откако ќе се појавеа сериозни проблеми како анксиозност, депресија или прегорување. Денес експертите сè почесто предупредуваат дека грижата за мозокот и за нервниот систем би требало да биде секојдневна навика, исто како што се физичката активност или здравата исхрана.

Поради тоа, последните години сè повеќе се зборува за концептот ментален фитнес, пристап кој подразбира дека менталната отпорност не ја градиме откако ќе прегориме, туку секој ден, преку мали навики кои му помагаат на мозокот подобро да се справува со стресот и со притисоците на современиот живот.

Што значи ментален фитнес

Менталниот фитнес не значи постојано позитивно размислување, ниту игнорирање на проблемите. Суштината е во тоа да ги учиме мозокот и нервниот систем како полесно да закрепнуваат од стресот, емоционалниот притисок и секојдневните предизвици.

Психолозите објаснуваат дека менталната отпорност е слична на физичката кондиција. Како што телото слабее без движење, така и мозокот потешко го поднесува стресот ако е постојано преоптоварен, без одмор и емоционална регулација.

Менталниот фитнес подразбира: квалитетен сон, редовно намалување на стресот, здрави социјални односи, емоционална писменост, мали дневни рутини кои го смируваат нервниот систем, способност за закрепнување по тешки периоди.

Современиот начин на живот го држи организмот речиси константно во состојба на напрегнатост. Мозокот е секојдневно изложен на огромно количество информации, обврски, нотификации и емоционален притисок.

Многу луѓе функционираат во режим на преживување и дури кога ќе се појават несоница, хроничен замор, анксиозност или прегорување, сфаќаат колку долго ги игнорирале сигналите на телото.

Проблемот е што нервниот систем не прави разлика меѓу голем животен проблем и постојани мали стресови. Ако организмот нема доволно време за закрепнување, телото останува во состојба на зголемена напрегнатост.

Експертите предупредуваат дека хроничниот стрес може да го зголеми ризикот од анксиозност и депресија, проблеми со спиењето, хормонален дисбаланс, пад на концентрацијата и паметењето, зголемен крвен притисок, исцрпеност и прегорување, прегорување:

Малите навики има поголем ефект отколку што мислиме

Една од најважните идеи на менталниот фитнес е дека големите промени често започнуваат со мали секојдневни рутини. Тоа можат да бидат едноставни нешта одење на спиење во исто време, 20 минути без телефон и социјални мрежи, кратка прошетка, разговор со блиска личност, вежби за дишење, правење пауза во текот на денот и време поминато во природа.

Односите со другите стануваат поважни од продуктивноста

Сè повеќе истражувања покажуваат дека квалитетните односи имаат огромно влијание врз менталното здравје и долговечноста.
Осаменоста, емоционалната изолација и чувството дека „сè мораме сами“ се поврзани со повисоко ниво на стрес и поголем ризик од психолошки проблеми.

Затоа експертите нагласуваат дека менталниот фитнес не е само индивидуален труд. Поддршката од семејството, пријателите и чувството на поврзаност со другите се важен дел од емоционалната отпорност.

Менталниот фитнес е секојдневна потреба


Долго време на грижата за менталното здравје се гледаше како на нешто со кое се занимаваме дури кога ќе настане проблем. Денес експертите сè повеќе истакнуваат дека превенцијата би требало да стане дел од секојдневието.

Баш какo што не чекаме сериозна болест за да почнеме да водиме сметка за телото, можеби не би требало да чекаме ниту целосен емоционален колапс за да почнеме да се грижиме за мозокот и за нервниот систем.

Извор:eklinika
Фото: freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот