X
 12.03.2022 Живот

Негативните мисли и честото жалење го оштетуваат мозокот

Мозокот е орган што има способност да се менува. Во секој момент може да го смениме фокусот и да гледаме на работите од позитивната страна. Човекот е способен да го зголеми коефициентот на интелигенција или да научи нови вештини, но и да заздрави од физички оштетувања.

Освен тоа, емоционалната и социјалната интелигенција се зајакнуваат доколку се откажеме од штетно однесување, верување или навики. Но истовремено, некои контрапродуктивни размислувања и однесувања го ослабуваат мозокот и ја намалуваат неговата функционалност.

Доктор Мајкл Мерцених, еден од најпознатите светски невролози, се трудел да ја докаже врската помеѓу нашите мисли и структурните промени во мозокот. Помеѓу неговите многубројни откритија можеби најважното е она дека искуствата, однесувањето, размислувањето, навиките, начинот на размислување и реагирање се поврзани со начинот на кој функционира и реагира мозокот. Едноставно, негативните работи го менуваат мозокот на полошо, а позитивните го менуваат во позитивна насока.


Фото: Pixabay

Постојат луѓе што едноставно никогаш не се задоволни, а за нив е типично дека речиси секогаш се жалат. Најголем дел од овие луѓе бараат „жртва“ на која ќе ѝ го кажат своето незадоволство.

Група научници од Универзитетот „Клемсон“ направиле категории за овие луѓе. Така, тие велат дека има луѓе што се жалат за да привлечат внимание, луѓе што хронично се жалат и луѓе што се енергетски „вампири“ и бараат жртва. Во сите случаи, мозокот исклучително бурно реагира.

Не е можно секогаш да бидеме среќни и позитивни, но треба да се обидеме да му се спротивставиме на негативното размислување. Истражувањата покажале дека афирмациите, медитацијата и свесноста за позитивното се моќни алатки во борбата против негативните мисли.

Извор: Eklinika
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот