X
 18.06.2015 Технологија

3D печатари-роботи ќе градат мост во Амстердам

3D печатар кој создава челични конструкции ќе се обиде да изгради, односно испечати пешачки мост.

 

pecatar


MX3D e старт ап од Холандија која истражува и развива технологии за 3D печатење. Компанијата оваа година го планира најамбициозниот проект: користење на 3D принтери за изградба на мост над канал кој се наоѓа во срцето на Амстердам.

Традиционалниот процес ќе биде следниот: печатарите создаваат предмети од долу па нагоре со примена на слој по слој пластика. Крајниот производ има слоеви кои личат на топографска карта.

Но, MX3D принтерите не работат на овој принцип. MX3D принтерите градат структури со исфрлање на мали количини растопен челик преку заварување.

 


 


„Ваквото 3D печатење се`уште е неистражено и води до нови форми на јазикот кои не се поврзани со додаток на слоеви. Овој метод овозможува да се создадат 3D објекти во скоро сите големини и форми“, пишува MX3D на нивната веб страна.

За нивниот мост, тимот планира да користи два тима по два роботи. Тимовите би започнале на спротивните страни на каналот и би граделе се` додека не се сретнат насредина, градејќи ја нивната потпора додека се движат напред на подвижни платформи.

Конечниот дизајн на мостот и неговата точна локација се`уште треба да се утврди, а изградбата се очекува да започне во септември.

Проектот е многу повеќе од еден мост; тој може да служи како увид за тоа како би изгледала изградбата во иднина. Наместо работниците да носат шлемови и неонски жолти елеци, 3D печатарите можат да бидат новите работници.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија