НАСА има големи вести поврзани со потрагата по планети слични на Земјата. Вселенската агенција најави објавување откритие на својот телескоп „Кеплер“ за време на прес-конференција која ќе се одржи денес.
Телескопот е дел од мисија посветена на наоѓање планети слични на Земјата, а организирањето вонредна прес-конференција во врска со откритие е необично и возбудливо.
Имено, целта на мисијата е наоѓање планети соодветни за живот. Мисијата бара планети на совршена дистанца од нас и од ѕвезда која се наоѓа во зона која се смета за соодветна за живот.
Прес-конференцијата ќе се одржи денес во 18:00 по македонско време.
Следете ја во живo на ОВОЈ ЛИНК