САД троши милијарди долари за помош на надворешните армии. Во 2014 година, државата потрошила 5,9 милијарди американски долари за оваа цел. Речиси 75% од овие завршиле во само две земји, додека останатите 25% завршиле во други 72 земји.
Најголема воена помош од САД во 2014 година добиле:
1. Израел - 3,1 милијарда долари
2. Египет - 1,3 милијарда долари
3. Ирак - 300 милиони долари
4. Јордан - 300 милиони долари
5. Пакистан - 280 милиони долари.
Во 2015 година, од САД биле побарани 5,6 милијарди долари за воена помош.
На
мапата со земјите кои искористиле помош од САД се наоѓа и Македонија со 3,6 милиони долари.