Радиолозите учат со години како да ги разликуваат канцерогените и здравите клетки, па и покрај тренингот и денешната технологија понекогаш грешат. Гулабите, од друга страна, имаат вроден инстинкт да го препознаат малигното ткиво, покажуваат истражувачите.
Истражување објавено во „Плос оне“ покажува дека гулабите може да се тренираат за препознавање анатомски слики со малигни или бенигни клетки на карцином на дојка.
На почетокот на истражувањето, гулабите можеле да оценат која од две слики покажува малигни клетки со точност од 50%. По неколкудневен тренинг, точноста се зголемила на 85%.
Научниците сакале да бидат сигурни дека гулабите не ги помнат сликите, па им давале сосема нови примери.
Докторот кој работел на истражувањето за медиумите изјавил дека резултатите не биле воопшто очекувани.
Секако, ова откритие нема да значи дека гулабите ќе ги заменат радиолозите, но нивната вештина би можела да помогне во анализата на снимките.