X
 02.12.2015 Колумни

Родовата револуција од поглед на просечниот маж

Сексот и приврзаноста се основни потреби на секој цицач. Луѓето се цицачи. Општеството се состои од луѓе. Во екот на родовата револуција имаме се поголем и поголем број на мажи кои неможат да ги задоволат овие основни потреби, а без пристап до партнер (секс, приврзаност и можеби репродукција), повеќето мажи немаат фундаментален интерес да учествуваат во општеството. Секако, ефтиниот леб и циркус како спортското навивање и алкохолот ја одигруваат својата улога, пацифизирајќи го модерниот маж, но колку е ова одржливо на долг рок?



Психологијата на мажот си има свои граници, и духовите (к*ровите) на минатото секогаш ќе седат на неговото раме, без разлика колку пати ќе си повтори во себе дека "нејзиното минато не ја дефинира како личност". Стапките на развод, неколку хорор приказни и општиот менталитет на жените кои стануваат се по самоуверени во својата супериорност и овластувања ќе предизвикаат се повеќе и повеќе мажи да се откажат од потрагата по долгорочна врска со жена и да се приклучат кон други форми на убивање време. Патишта кои не се многу корисни за општеството, било да се видео игри, порнографија или марихуана, или таканаречениот "гангстерски живот".

Постојат многу малку проверени модели врз кои едно релативно мирно, современо општество може да опстане на долг рок.

Најдобриот од нив историски се покажа дека е моногамниот брак. Општо прифатен факт е дека цивилизацијата е изградена врз вишокот на работна сила на бета мажот, а која почива врз институцијата на традиционалниот моногамен брак, кој што се разбира е изграден врз размената на сексот и чувањето на деца од една страна, со вишокот на работна сила од друга страна.

Обновувањето на прималната хипергамна женска сексуална селекција го остава бета мажот (кој патем речено сочинува 80-90 проценти од вкупната машка популација) надвор од игра. Тој е оставен со ограничени можности за стабилна и пристојна жена која е добра сопруга и мајка. Ова, заедно со драконските закони за развод и алиментација кои стимулираат развод кај жената, од своја страна ја ограничуваат неговата инвестиција во општеството, гледајќи дека тој има се помал и помал влог во постоењето на општеството какво што е во моментот.

Се повеќе и повеќе гледаме млади дечковци кои почнуваат да се отргнуваат од нивната традиционална улога и да се навраќаат на нивната природна состојба, како што ќе ги опише професор Џордан Б. Петерсон, како "непродуктивни хедонисти". Тој не потсетува дека класичниот татко од 50тите, силниот патријарх на домаќинството, не е природна појава. Овој маж е создаден низ генерации и генерации на културолошки развој.

Масата на млади, своеволни, фрустрирани мажи е смртен клин за било кое општество. Некои од нив ќе останат да бидат доцилни, непродуктивни џанкери и зависници од игри кои нема да го продолжат својот ген. Други од нив ќе се претворат во хипер-насилни гангстери и криминалци, кои најверојатно ќе претставуваат пример за типичен татко во наредните децении.

Навраќајќи се на првобитното прашање од овој текст, реалноста е дека сево ова не е многу одржливо на долг рок. Мажите кои рмбаат цел живот за да го добијат пакетчето што им е ветено, начисто ќе спобудалат кога ќе сфатат дека на крајот ќе останат со празни раце. Оние кои по некое време ќе прогледаат низ маскембалот на лебови и циркуси и лицимерието ќе сфатат дека во ова општество нема место за нив и ефективно ќе се оттргнат од општествениот живот. Ова не е одржлива долгорочна стратегија. Ова е неправедно раскинување на општествениот договор, и е меур што наскоро ќе пукне.
Подготвил: crvenapilula@cock.li

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Колумни