X
 28.12.2015 Живот

Остатоци од зеленчук кои може да се засадат повторно дома

Секој од нас сака да има свеж зеленчук во својот дом, поточно во кујната, за подготовка на вкусни, но и здрави оброци.


„Good home design“ пишуваат дека секој може да чува зеленчук во својот дом, кој ќе биде секогаш свеж за јадење. Постојат повеќе растенија кои може да ги фрлите по оброкот, но не морате бидејќи истите може да бидат засадени повторно.


Анасонот, младиот кромид, кромидот и празот може да бидат засадени повторно со крајот на белиот корен. Ставете го во стаклена тегла и посипете вода. Чувајте го во светла просторија.


Зелката, целерот и марулата се многу слични на претходната категорија. Тајната се крие во белиот корен. Исто како и со претходните, со овие е доволно да ставите вода врз коренот и да ги оставите на сончева светлина.


Тропската трева не е многу различна од обичната. Коренот се става во тегла со малку вода и се става во саксија за да започне да расте повторно.

Компирите се едни од најлесните растенија за повторно засадување. Доколку има „очи“, исечете го компирот на делови, за секој дел да има „око“ во него. Оставете го на суво место и по неколку дена засадете го во почва со „окото“ нагоре. Додавајте земја како што компирот ќе расте.

Што се однесува кај ѓумбирот, битен е дебелиот дел. Ставете го во почва и оставете го во топла и влажна просторија, но не на директна сончева светлина.

За лукот е доволно само едно делче, кое се засадува со коренчето надолу и се остава на директна сончева светлина.


Врвовите од морковот се интересни за декорирање, но не се јадат. Овој дел може да биде и засаден, односно ставен во тегла со вода. Морковот ќе почне да расте за неколку дена на сончева светлина.


Ананасот може да биде засаден повторно, исто така. Ставете го големиот зелен дел од врвот во вода и во топла околина.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот