Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери „Пивара Скопје“ и „Пакомак“, четврта година по ред ја организира масовната еколошка акција GENERALKA WEEKEND.
Оваа година ќе се чисти во сите 81 општина и во Националните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16.000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации.
Волонтерите од „Пивара Скопје“ в петок, на 17 мај, ќе собираат отпад на археолошкиот локалитет Кале заедно со сите партнери и волонтери од Град Скопје.
- Партнерската улога на „Пивара Скопје“ во GENERALKA WEEKEND ја гледаме како дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив развој и е продолжение на активностите под платформата „Свет без отпад“ и иницијативата „Нула емисии на СО2 во атмосферата“. Нашата должност како корпоративен граѓанин е да придонесеме за одржлива средина и апелираме до сите со кои ги делиме истите вредности да ни се придружат во создавање одржлива иднина за сите - изјави
Снежана Савиќ Димовска, директорка за корпоративни политики и одржливост на „Пивара Скопје“.
- „Пакомак“ четврта година по ред ја поддржува оваа акција за чистење локации низ Македонија. Со вакви активности, симболично покажуваме дека со секој килограм селектиран и рециклиран отпад придонесуваме за позелена планета и поздрава животна средина -
рече Филип Ивановски, извршен директор на „Пакомак“.
За секои 10 кг собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Националните шуми, посветуваат по 1 дрво во нивните годишни планови за пошумување. Од 2022 година поради GENERALKA WEEKEND беа засадени повеќе од 100.000 дрвја.
Како и лани, на листата официјални партнери водат Шпаркасе банка и Нула Отпад, на кои годинава им се придружуваат и Макстил, Бучим Боров Дол, ЕВН, Бимилк и Костал. Црвениот крст и оваа година ќе се грижи за безбедноста на учесниците низ државата.
(Комерцијална објава)