X
 07.07.2018 Живот

Момчињата од Тајланд со порака до нивните родители: - Не се грижете, сите сме силни!

Дванаесетте момчиња заробени во пештерата, размениле емотивни писма со нивните родители, за првпат после заробувањето во пештерата.

-Не се грижете, сите сме силни - пишува едното момче во писмото.

Фудбалскиот тренер кој ги однел момчињата во пештерата им испрати извинување до родителите, меѓутоа тие му напишаа дека воопшто не е виновен.

Официјалните лица велат дека постои шанса во претстојните четири дена пред дождот да го отежне спасувањето.

1
Фото: Facebook


Што велат писмата?


Рачно напишаните писма од групата биле доставени од британските нуркачи и објавени на фејсбук-страницата на тајландската морнарица.

-Не се грижете за мене, безбеден сум - напишало едно момче.

-Ник ги сака мама, тато и браќата и сестрите. Ако можам да излезам, мама и тато донесете ми мооката (тајландска скара) за јадење - напишало друго момче.

Во писмото, 25-годишниот тренер Екапол Чантавонг, познат како Аке, напишал: -Драги родители на децата, сите се во ред, спасувачкиот тим се грижи за нас одлично. И ветувам дека ќе се грижам за децата најдобро што можам... Искрено им се извинувам на родителите на децата.

Во неколку писма, објавени на фејсбук-страницата на локалната власт, родителите јасно велат дека не го обвинуваат тренерот.

-Мајките и татковците не ти се лути тебе. Фала што помагаш во грижата за децата - вели еден родител.

-Кажете му на тренерот Аке: Не размислувај премногу. Не му сме лути - вели друг родител.

Ова беше првата комуникација, бидејќи обидите за воспоставување телефонска линија во пештерата не беа успени претходно оваа недела.

1
Фото: Тhai Navy Seal


Каква е состојбата во пештерата?

Момчињата биле пронајдени во пештерата од страна на британските спасувачи во понеделникот, 10 дена откако исчезнале.

Оттогаш, екипите на тајландските и меѓународните нуркачи ги снабдуваат со храна, кислород и медицинска нега.

Постои загриженост за падот на нивото на кислород, но официјалните лица велат дека сега има воздушна линија во пештерата.

Опасноста од нивната ситуација стана уште појасна кога еден поранешен тајландски нуркач при испорачување на резервоари за воздух почина во петокот.

Кога групата би била спасена?

3
Фото: BBC


Во четвртокот, гувернерот на регионот рече дека следните три до четири дена биле најповолно време за операцијата.

-Нивото на водата може да се зголеми во областа каде децата се наоѓаат и да го направи просторот помал од 10 квадрати - рече тој.

Друга загриженост е зголемената концентрација на јаглерод диоксид, издишан од момчињата и спасувачите.

Тој не даде детали за тоа како би се извршило спасувањето. Во меѓувреме, спасувачите однадвор ископале повеќе од 100 дупки во обид да стигнат до пештерата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот