X
 15.08.2023 Живот

Секојпат кога ќе ги види неговите братучеди, чичко, тетка, плаче како да се плаши од нив, а и кога е во затворен простор со повеќе луѓе. Како да му помогнам?

Имам 2,5-годишен син кој расте во град во кој не растевме ние, неговите родители, па поради тоа поретко има контакти со неговите баба и дедо, братучеди и сл. Ако на тоа додадете растење во време на ковид-рестрикции, тој до неговата прва година речиси и да не гледаше никој друг освен нас. Не сум сигурна дали тоа е причината или нешто друго, но тој често има проблем да воспостави комуникација со други лица, вклучувајќи ги и неговиот чичко и тетка, кои секојпат кога ќе ги види, плаче како да се плаши од нив, а истото се случува и со неговите братучеди. Понекогаш плаче и во ситуации кога е во затворен простор со повеќе луѓе (на пр., роденден во игротека). Најчесто во овие ситуации не се смирува и цело време бара да е до нас. Како да му помогнеме во овие ситуации и дали ова однесување може да се препише на неговиот карактер или е нешто друго?

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот