X
 15.09.2022 Живот

Овие нови бункери овозможуваат да изградите комплетен луксузен дом под земја

Компанијата „Опидум“ ги откри своите нови бункери наречени „Л-херитеџ“ за луѓе што сакаат да живеат раскошно дури и ако на светот му се ближи крајот.

Бункерите, дизајнирани од францускиот архитект Марк Пригент, имаат цел да обезбедат сигурна локација за поединци со ултрависока нето-вредност за време на апокалипса без да ги жртвуваат удобностите на нивните домови.

Бункерите со луксузни домови не се ништо ново. Но, бункерите на „Опиум“ нудат комплетна домашна и деловна средина. За да се постигне тоа, секој од нив нуди простор од 929 квадратни метри. Дополнително, луксузните резиденции може да се приспособат на вкусот на сопственикот, со можност за додавање дополнителни објекти, како приватна уметничка галерија, гаража доволно голема за сместување на целата колекција автомобили, салони за состаноци, внатрешна градина и спа со приватен базен.

1

Бидејќи овие бункери се направени за крајот на светот, безбедноста е на највисоко ниво и започнува со влезот: силните врати се контролирани со мултибиометриски уред кој истовремено ги скенира лицето, ирисот, дланките и отпечатоците од прстите, така што само вие и оние што сте ги назначиле можат да влезат. Освен тоа, сите резиденции се опремени со интегриран комплексен безбедносен систем со воена заштита.

2

- Бункерите се места на спокојство и апсолутна безбедност за сопствениците и нивните семејства. Имаме привилегија на клиентите да им понудиме највисоко ниво на услуги, создавајќи прекрасни места што ќе ги штитат нив и нивното наследство за генерациите што доаѓаат - вели Јакуб Замразил, основач и извршен директор на „Опидум“.

3

Бункерите нудат различни опции за краток и долгорочен престој и се достапни за купување низ ЕУ, САД, Обединетото Кралство и Обединетите Арапски Емирати.

Извор: Robbreport.com
Фото: Oppidum
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот