X
 15.09.2026 Живот

Викендов изложба на метални автомобилчиња во Куманово

В сабота, 19 септември, по четврти пат во Куманово ќе се одржи изложба на минијатурни автомобили во организација на Die – Cast Club – АВТИЧИКИ БРЕ“ , со поддршка од здружението за ликовни уметници – Форма и Qrecords од Куманово.

Настанот ќе се одржи во паркчето помеѓу зградите К4 и К5 на ул. Октомвриска револуција, од 12:00 часот до 18:00 часот.

За најголем дел од луѓето, малите метални автомобилчиња се само играчки, но за колекционерите од Die – Cast Club Куманово, се еден вид љубов, сентименталност, среќа.
На изложбата ќе можат да се видат минијатурни модели кои се појавиле во филмски класици, но и модели кои одбележале важни светски, спортски, воени настани и автомобили кои се возеле во период од 70-тите до 80-тите години на минатиот век.



За љубителите на уметноста и музика,ќе се погрижат графити–артисти од Здружението Форма, кои ќе ја збогатат атмосферата со нивната уметност на цртање мурали, а воедно ќе бидат присутни Qrec со изложба на винили, за сите љубители на добар звук и музика на винил. Најмалите посетители ќе можат за уживаат во забавни и креативни работилници специјално подготвени за нив.

- Нашата желба е колекционерството да го доближиме до сите без разлика на старосната граница и да покажеме дека секој може да биде дел од оваа приказна на ваков вид колекционерство. Настанот е отворен за сите деца, родители и љубители на уметност. Ве очекува ден исполнет со дружење, радост, креативност и позитивна енергија - вели организаторот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот