X
 15.12.2019 Култура

Мрачната страна на Салвадор Дали

„Единствената разлика помеѓу мене и лудак е тоа што јас не сум луд“ - Салвадор Дали.

Салвадор Фелип Жасинт Дали е препознатлив по неговата надреална уметност. Отсекогаш било тешко да се процени колкав дел од неговата уметност го претставува него, а колкав бил направен како дел од брендот „Дали“. Меѓутоа, еден факт е сигурен: тој имал своја мрачна страна (или повеќе).

Неговата сексуалност

Како помлад, Дали бил многу близок со шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка. Имено, поетот се обидел да го заведе Дали двапати, иако Дали подоцна го одбивал ова. Кога поетот дознал дека уметникот ја пронашол својата муза и љубовта на својот живот, тој бил шокиран. Сепак, нивната врска никогаш не била потврдена.

Освен тоа, Дали обожавал да ги гледа другите, вклучувајќи ја и неговата жена, во сексуални активности. Го привлекувале жените со мали гради и мажите што имале женствени линии. Се зборувало дека тој имал неделни оргии во кои учествувал само како набљудувач.

Односот со сопругата

Во 1980 година, на возраст од 76 години, Дали морал да престане да работи поради болест. Тој боледувал од парализа. Неговата состојба се влошувала, а сопругата, Гала, продолжила да има сексуални афери, што го нервирало Дали. Гала продолжила да троши од парите заработени од страна на Дали. Се случувало Дали да биде оставен сам дома со денови бидејќи таа била со своите љубовници.

Дали потоа почнал да ја тепа Гала. Еднаш ѝ скршил две ребра. Гала го напуштила Дали, но не за друг маж. На 87-годишна возраст таа починала во болница во Барселона. Нејзината желба била да биде закопана во Пубол, а Дали морал да најде начин да го однесе телото таму без легални компликации. Дали го возел телото на Гала на задното седиште од автомобилот како таа да е жива. Тој платил медицинска сестра да седи до телото.

Кога ја закопал, сфатил дека не може да живее без неа и останал таму до крајот. Подоцна страдал од халуцинации и во одреден момент тврдел дека е полжав. Починал на 23 јануари 1989 година. Тој еднаш рекол дека ќе го замрзне своето тело со надеж дека некогаш ќе биде оживеан. Но, бил закопан во театар-музејот „Дали“ во Фигуерес, кој може да се посети и денес.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура