X
 01.06.2024 Живот

Мрачната страна на работењето од дома покажува дека ништо не е идеално

Пандемијата на коронавирусот доведе до ситуација кога вработените мораа да работат од далечина и тоа продолжи да се применува, во целосна или во хибридна форма, во многу компании. Но иако на изгледа како одлична работа, сепак има и свои недостатоци.

Постојано се повторуваше дека продуктивноста е на повисоко ниво, дека вработените имаат помали трошоци бидејќи не мора да патуваат до работа и да трошат пари додека се таму. Покрај сето тоа, се заштедува и времето потребно за патување. Но...

Ненарушеното работно време е намалено, како и можностите за менторство, се работи повеќе бидејќи претпоставените не го почитуваат приватното време на вработените како што тоа го правеле кога работниците физички биле на нивните работни места. А тука се и други проблеми, како осаменост, депресија, анксиозност и други психички проблеми, поизразени кај работниците кои работат од дома, што е последица на изолација, односно вистинскиот физички контакт.

Иако не постои точен одговор за тоа кој модел на работа е подобар и што треба да се коригира за да се постигне успех, постојат „мерни единици“ кои помагаат.

Она што е познато е дека долгорочната работа на далечина има негативен ефект врз оние што не сакаат да работат подалеку од тимот, на екстровертите, на оние што не знаат како да се справат со технологијата, како и на оние што почнуваат да работат и нема кој да им покаже како функционираат работите. Во исто време, победници се интровертите, оние што го сакаат својот мир.

Затоа, како логично решение се наметнува хибриден модел на работа, кој би ги задоволил двете страни и веројатно сите би имале корист. Но, тоа е теорија, такво нешто треба поконкретно да се истражи. И тоа во повеќе од две компании на два континента. Или, уште подобро, секоја организација би морала сама да спроведе слично истражување и да го направи она што е најдобро за себе, во деловна смисла.

Извор: itcbusiness.info

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот