X
 10.07.2017 Култура

Пријателството меѓу уметниците Салвадор Дали и Федерико Гарсија Лорка

Неретко низ историјата се создавале и пријателства меѓу големите умови. Едно од нив е и меѓу прочуениот надреалист Салвадор Дали и најзначајниот француски поет Федерико Гарсија Лорка.

лорка дали
Фото: The Genealogy of Style - WordPress.com

Нивното пријателство било толку силно, што освен што придонело кон професионалниот развој на двајцата, постоеле и сомневања дека меѓу нив има и повеќе од пријателство.

Во едно интервју во 1969 Дали дава изјава дека Лорка е хомосексуалец и дека е лудо заљубен во него.

Нивното пријателство започнало во студентските денови. Првата средба се случила на Академијата за убави уметности „Сан Фернандо“ во 1923 година во Мадрид. Со текот на времето, како што се запознавале повеќе, и двајцата сѐ повеќе биле одушевени од талентот на другиот, Дали од талентот на Лорка, а Лорка од сликарскиот стил на Дали.

Често имале различни ставови и биле спротивни типови на личности, но со тоа само се надополнувале. Дали бил срамежлив, а Лорка бил опуштен и му помагал на Дали да се вклопи во општеството. Заедно го минувале времето и ги спознавале иновациите во сликарството, литературата, музиката и во филмот.

Многубројни писма сведочат за тоа колку си се восхитувале еден на друг. Иако меѓу 1923 и 1928 пријателството им доживува подеми и падови, тие успеваат да се зајакнат како личности и да го зацврстат пријателството. Заедно ги минувале и празниците со семејството на Дали, а нивната разделба кога Дали заминувал да служи војска е опеана во прочуената песна на Лорка - „Ода на Салвадор Дали“.

Лорка се вратил во Мадрид каде што повторно го сретнал Дали, но тогаш тој бил значително променет. Нивниот однос ослабнал, а за Дали, уметноста станала објективност, површински слој на реалноста. Тој, пак, сѐ повеќе го критикувал творештвото на Лорка. Така се отуѓиле како пријатели, а во 1928 година патиштата им се разминале.

Повторно се сретнале во 1935 пред Лорка да биде убиен. И покрај несогласувањата, пријателството сѐ уште постоело меѓу нив. Дали му бил голема поддршка на Лорка која ја објавил првата книга, збирка песни и театарски претстави.

Дали, пак, по смртта на сопругата завршил во болница со слабо срце и до своите последни мигови и со последните сили шепотел за својот најдобар пријател.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура