X
 15.12.2019 Забава

Виц: Зошто секој треба да студира?

Големите предности на високото образование се тоа што кај студентот се развиваат многу квалитети кои му се потребни за да успее во животот. Еве дел од нив:

1. Одговорност: „Извинете момци, денес јас требаше да купам леб, но парите ги потрошив паметно и зедов половина литар ракија од кавадарчанецот во 113-ка“.

2. Тимска работа: „Јас ќе ги напишам половина од лекциите на мали ливчиња за препишување, ти напиши ги останатите.“

3. Управување со средства: „Денес е вторник, а јас веќе ги потрошив парите за цела недела. Некој да не има да ми позајми 500 денари, наскоро ќе му ги вратам?“

4. Справување со буџетски дефицит: „Пак ќе треба да јадеме леб и ајвар цела недела“.

5. Запазување на рокови и остварување на поставените цели: „Ајде можам јас, не сум многу пијан, уште малку и ќе стигнам дома“.

6. Надминување на стресните ситуации: „Каков е овој крокодил што лежи до мене?!“

7. Исполнување на дадените ветувања: „Од утре ќе учам! Соблечи се, ништо нема да ти направам! Веќе никогаш не пијам!“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава