Сè повеќе универзитети од Азија се наоѓаат на листата со најдобрите 1.000 универзитети во светот
според QS. Сепак, меѓу првите десет доминираат американски институции бидејќи дури пет од најдобрите десет се од САД.
На листата со најдобри десет универзитети има и четири британски универзитети, а еден швајцарски. Надвор од Европа и САД, највисоко рангиран универзитет е Националниот универзитет во Сингапур, кој се наоѓа на 11. место.
Фото: Технолошкиот институт во Масачусетс/Pixabay
QS оценува 5.500 универзитети за да ја создаде листата од 1.029 најпрестижни универзитети во светот. Оваа година има 47 универзитети што првпат се најдоа на листата, а има и многу повеќе универзитети од Азија. Годинава 26 институции на листата се од овој континент.
Во Латинска Америка највисоко котира Универзитетот на Буенос Аирес во Аргентина, кој е на 66. место на листата. Во Африка најдобар е Универзитетот на Кајптаун, во Јужноафриканската Република, кој е на 220. место, додека во Океанија (Австралија и Нов Зеланд) најдобар универзитет е Националниот универзитет во Канбера, кој е на 31. место на листата.
Листата се прави врз основа на повеќе фактори, како репутација помеѓу академиците и вработените, процент на меѓународни студенти и меѓународни професори, цитирање на трудови од факултетите и број на студенти.
Фото: Pixabay
Најдобри 10 универзитети во 2021 според QS
1. Технолошки институт во Масачусетс, САД
2. „Стенфорд“, САД
3. „Харвард“, САД
4. Технолошки институт во Калифорнија, САД
5. „Оксфорд“, Обединето Кралство
6. Швајцарскиот федерален технолошки институт во Цирих, Швајцарија
7. „Кембриџ“, Обединето Кралство
8. Империјален колеџ Лондон, Обединето Кралство
9. Универзитет на Чикаго, САД
10. Универзитетски колеџ Лондон, Обединето Кралство
Автор: Шон Флеминг
Извор:
weforum.org