„Тесла“ бара неколку илјадници луѓе за работа на нивните нови автономни електрични возила. Во октомври, автомобилската компанија претстави нова верзија од софтверот со кој постоечките електрични возила на пазарот возат речиси самите.
Надградувањето на софтверот за возилата да можат целосно да функционираат сами бара повеќе раце и мозоци, а компанијата моментално има отворени 1.600 работни места, од кои голем дел се за софтверски инженери.
Планот е вработување на дури 4.500 луѓе во следните 4 години.
На крајот на 2010 година,
компанијата имаше 899 вработени, а моментално има 14.000.