X
 10.09.2015 Технологија

Автономните возила се подложни на хакирање со едноставен ласер


Автономните возила сè уште не почнале да се користат масовно, а веќе се наоѓаат нивните слабости. Џонатан Петит, научник од „Security innovation“ ќе претстави извештај во кој детално објаснува како може да се влијае на автономните возила користејќи сензори.

Петит тврди дека може да „измами“ автономно возило да гледа предмети и тела кои воопшто не се таму користејќи ласер и генератор. „Лидар“ е систем кој со пулсирачки ласери создава 3Д-слика од дветот, а кај некои автономни возила дејствува како очите на автомобилот.

Петит снимал пулсеви од друг ваков систем, правејќи го автомобилот да „гледа“ работи кои не постојат. Нападот е успешен на дистанца од 100 метри и може да се изведе од секоја страна на возилото.

Извештајот на Петит е добар потсетник дека треба да работиме уште доколку сакаме да користиме автономни возила во иднина.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија