X
 03.06.2021 Живот

Ново вакуум, иновативно пакување на President Salakis Traditional

Сакате вкусни, креативни салати и со радост уживате во фини, ладни предјадења? Сакате да патувате и да престојувате во природа, во викендица или со друштво на отворено? Во тој случај, вие сте идеален кандидат за новото пакување Président Salakis Traditional зрело сирење од 300 г.

Освен што е поекономично, ова вкусно кравјо, овчо и мешано сирење ќе ве воодушеви со својот неодоливо сочен, кремаст и свеж вкус. Создадено од 100% висококвалитетно млеко, со интензивна млечна текстура, Président Salakis Traditional е создадено за комбинирање со домати, краставици, пиперка и друг свеж зеленчук, а одлично е и на штица со малку маслиново масло.



Ова медитеранско задоволство гурманите ќе го послужат со омлет, полнети пиперки, тиквички, модри патлиџани или во пити и пирошки. Благодарение на составот и на текстурата, Président Salakis Traditional е превкусно и на грил-тава, скара, потпечено во тавче или запечено во алуминиумска фолија и послужено со оригано или ливчиња нане.

Присутнo во многу светски кујни и во најразлични гастрономски комбинации, сирењето е навистина ценета храна во многу култури, но кај нас со задоволство се јаде за појадок, ручек, вечера или се служи со предјадење, главното јадење, па дури и со суво овошје и чаша ладно пиво или вино. Уживајте во стариот, добар вкус и новото пакување на омиленото сирење.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот