X
 07.01.2016 Живот

Пораката на горилата Коко до луѓето: "Човекот е глупав."

Повеќето луѓе знаат кој е Коко. Горилата има 44 години, а уште од првата година од својот живот може да зборува. Имено Коко разбира 1.000 зборови од британскиот знаковен јазик и околу 2.000 зборови од говорниот јазик.

 

Коко горила


За новогодишните празници Коко одлучи да ги искористи своите вештини на говорот и на луѓето од целата планета да им испрати силна порака.

Во видеото Коко им порачува на луѓето дека ги сака, и дека ги смета за глупави бидејќи ја уништуваат планетата.

„Јас сум горила. Јас сум цвеќиња, животни, јас сум природата. Коко го сака човекот. Коко ја сака Земјата. Но човекот е глупав. Глупав! Коко жали, Коко плаче. Времето лета. Поправете ја Земјата. Помогнете и` на Земјата! Побрзајте! Заштитете ја Земјата. Природата ве гледа... благорадам...“, им порача Коко на луѓето.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот