Шестгодишната Изабела пред неколку дена била во мала неволја на училиште, а кога за тоа дознала нејзината мајка, Викторија Колиер, одлучила да ја казни така што од неа побарала на цел лист неколку пати да ја напише реченицата „I will make better choices“ (Ќе носам подобри одлуки).
Но, се чини дека девојчето добро се снашло и навистина решила да го послуша советот и да започне со носење попаметни одлуки веднаш. За да си ја олесни задачата, Изабела по неколку реда престанала со класичното пишување и едноставно повлекла црти врз сите линии за побргу да ги напише буквите кои содржеле исправена вертикална црта.
Пријател на мајката објавил фотографија од задачата, а интернетот останал воодушевен од малата генијалка.