X
 05.12.2018 Живот

Писмо во кое Ајнштајн го негира постоењето на Бог продадено за 2,9 милиона долари

Писмото од 1954 година во кое Алберт Ајнштајн тврди дека  Бог е „производ на човековата слабост“ и во кое зборува за својот еврејски идентитет е продадено на аукција за речиси 2,9 милиона долари, изјави портпаролката на аукциската куќа „Кристис“.

Ајнштајн во писмо адресирано до германскиот филозоф со еврејско потекло Ерик Гуткинд, за Библијата пишува дека е колекција на благородни, но сепак примитивни легенди.

 - Зборот Бог за мене не е ништо друго освен израз и производ на човековата слабост - напишал физичарот една година пред смртта.

Наддавањето за писмото траело само четири минути, а постигнатата цена е поголема, „Кристис“ предвидуваше дека ќе биде продадено за околу 1,5 милион долари.

Ајнштајн писмото го напишал додека живееше во Принстон, американската сојузна држава Њу Џерси, како одговор на книгата на Гуткинд од 1952 година, во која пишува за еврејството, Израел и модерното време.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот