Можеби не обрнувате внимание на тоа, освен кога сте настинати, но секогаш повеќе дишите од едната ноздра отколку на другата. За време на денот, страните се менуваат и другата ноздра започнува да доминира. Зошто?
Процесот е последица на наречениот автономен нервен систем, кој е системот што контролира многу работи кои ги прави телото без контрола, како дигестирањето и чукањето на срцето. За носот, овој систем го контролира таканарешениот „носен циклус“, за секоја ноздра да функционира ефективно.
Носниот циклус се менува повеќепати во текот на денот, според Националната медицинска библиотека на САД. Истиот го забележуваме само кога носот е погоден од настинка. За да ја отворите едната ноздра и затворите другата, телото полни ткиво со крв.
- Зголемениот прилив на крв предизвикува застој, односно блокирање во едната ноздра за 3-6 часа пред да се смени на другата ноздра. Има и зголемено блокирање кога лицето лежи, што може да се забележи доколку главата е свртена на едната страна - вели Џенифер Шу.
Ова чувство е зголемено кога човекот е настинат. Се смета дека овој циклус му помага на сетлото за мирис. Некои миризби се чувствуваат подобро брзо, додека други полека. Така, само со овој циклус може да се чувствуваат сите миризби.
Процесот му дава и одмор на носот бидејќи постојаниот воздух може да ги исуши малите влакна кои нè заштитуваат од многу надворешни зарази.