Добредојдовте во ерата на метанационалностите: компании кои ефективно работат без националност. Терминот постои од 2001 година, а се однесува на феноменот на одвикнувањето на корпорациите да бидат горди на своите национални корени.
Денешните компании ги одбираат локациите врз основа на условите, не врз основа на националната припадност. Многу компании имаат легално седиште во една земја, менаџмент во друга, финансии во трета, а администрација насекаде. Некои од најголемите компании родени во САД, како „Microsoft“ или IBM, заедно имаат трилиони долари во вредност поради заработувањето надвор од САД.
Не изненадува тоа што компаниите наоѓаат нови начини за да добијат повеќе - изненадува кога тоа не го прават некои компании. Сепак, тоа се само нови начини на заработка, пишува „
Foreign policy“. Дали бизнисите би можеле да напредуваат чекор со тоа што би станале виртуелни, покрај ненационални? Некои луѓе мислат дека ќе се случи тоа.
Навистина, денес, сè се одвива во „облакот“. „Foreign policy“ набројува 25 компании кои се помоќни од многу држави денес.
Највредните 10 корпоративни нации, според нивните годишни заработки се:
1. Wallmart (САД) - 486 милијарди долари.
2. Exxonmobil (САД) - 269 милијарди долари.
3. Royal Dutch Shell (Холандија) - 265 милијарди долари.
4. Apple (САД) - 234 милијарди долари.
5. Glencore (Швајцарија) - 221 милијарда долари.
6. Samsung Electronics (Јужна Кореја) - 163 милијарди долари.
7. Amazon (САД) - 107 милијарди долари.
8. Microsoft (САД) - 94 милијарди долари.
9. Nestle (Швајцарија) - 93 милијарди долари.
10. Alphabet, поранешно Google (САД) - 75 милијарди долари.