X
 17.04.2016 Живот

Правилото 10 - закон на политиката или прецедентно право од народот

Обидувајќи се да ја сфатам суштината на подривањето на институциите од одредена владеачка елита ме натера да направам една ретроспектива на целиот тој процес од почетокот па до сега. Анализирајќи ја целата ситуација во однос на едно цело подривање на еден систем ме стави во ситуација да ја сфатам суштината, а таа е обидот да се прикаже, фабрикува и претстави како вистински еден лажен и неиздржан легитимитет.



Кога би се обиделе да го дефинираме легитимитетот тоа би било состојба на признавање од страна на граѓаните на една владеачка елита... или во нашиот случај состојба на фабрикување...

Неможноста да ја согледам целата ситуација од повеќе гледишни точки се навратив кон историјата. Некое непишано правило е дека она што веќе се случило во историјата ќе се повтори.
Не се навраќав многу, само до еден период на марканти фигури кои го овозможиле одржувањето, развојот и потполната трансформација на своите држави.

Стариот континент во минатиот век беше вистинска политичка арена на докажување на легитимитетот и негово потполно упразнување, но и почитување од страна на владеачките елити.

Особена трага оставија три клучни фигури во Европа по Втората светска војна, имено станува збор за Шарл де Гол, Маргарет Татчер и Хелмут Кол. Првите двајца се особено познати по воспоставување на едни поинакви системи на уредување ( де Гол) и верување  во случајот станува збор за Татчеризмот на Бароницата. Додека третиот е човек којшто го виде обединувањето на неговата држава по неправденот парчање од големите сили.

Разгледувајќи ги неговите политички кариери може да се увиди дека се едни од лидерите со најдолготраечко владеење, но и тоа владеење било ускратено не од општи правни акти туку од еден проблем за политичките елити, а тоа е кризата на легитимитетот или помалку познато правилото 10. Нивните владеења ги карактеризира период од 10 години или повеќе во кои што тие ги воделе своите земји се до периодот на крахот на нивното владеење преку губењето на легитимитетот. Заедничко за сите нив е тоа што истите се повлекле достоинствено по неуспешното докажување на својот легитимитет.

Нашите владеачки елити го искоцкаа и последниот чип од  доделениот легитимитет па увидувајќи ја таа ситуација продреа во легалитетот... изноѓајќи начини да фабркуваат нов.

Дали е правилото 10 е закон на политиката или прецедент на народот? – Времето ќе покаже.

Едно е сигурно.
„Тајната на слободата лежи во образованието, додека тајната на тиранија лежи во незнаењето“- Робеспјер

Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.
 
Подготвил: Емир Демировиќ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот