Истрагата „Документи од Панама“ откри мрежа на банки и адвокатски фирми кои прикривале финансии на моќни личности, од политичари до славни личности и спортски ѕвезди.
Рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Дејвид Камерон се некои од јавните лица кои се соочија со критицизам поради нивните офшор- сметки. Меѓународната група на истражувачки новинари сега создаде игра за да им помогне на луѓето да ги разберат моќните луѓе кои на ваков начин го одбегнуваат данокот.
Играта започнува со одбирање три можни играчи: фудбалер, политичар и бизнисмен. Играта покажува хипотетички сценарија во кои имате многу пари и може да донесувате одлуки за вашите финансии. По секоја одлука добивате повеќе предизвици. Предизвиците се различни за политичарите, бизнисмените и фудбалерите.
Природниот инстинкт ќе ве принуди да ја завршите играта и со тоа да заборавите на етиката и моралот, исто како и вистинските „играчи“ кои се најдоа во документите од Панама.
Играјте ја играта
ОВДЕ.