X
 07.01.2021 Здравје

Оваа 11-минутна вежба може да ви помогне да се изборите со последиците од седењето по цели денови

Поради работата во канцеларија, прекумерното гледање серии и генерално поминувањето повеќе време дома, слободно може да се каже дека сите сме поминале значително повеќе време седејќи отколку во нормални услови.

Научниците сега велат дека „седењето е новото пушење“. Но, едно ново истражување посочува дека едноставната дневна прошетка може да биде сѐ што ви треба за да се изборите против ефектите од седењето по цел ден.

Според „Бритиш џурнал оф спортс медисин“, пешачењето минимум 11 минути на ден може да биде доволно за да се намалат ефектите од постојаното седење.

Истражувањето вели дека околу 40 минути умерено вежбање или пешачење е најконзервативен модел, но учесниците што вежбале 11 минути на ден не се разликувале во ризикот во споредба со друга поактивна група.

Со други зборови: ако навистина сакате да бидете сигурни дека сте здрави или ако поголемиот дел од денот го поминувате седејќи, ќе сакате двојно или тројно да ја зголемите таа прошетка.

Едноставната дневна прошетка може да има позитивни ефекти и врз други аспекти на здравјето и благосостојбата.

bolka
Фото: Freepik

Ве прави посреќни


- Прошетката е одличен начин за ослободување од стресот и разбивање на монотонијата на карантинот. Како и другите форми на кардиоваскуларни вежби, пешачењето ослободува ендорфин што помага да се подобри вашето расположение и предизвикува позитивни чувства во телото. Редовното вежбање исто така може да ги олесни депресијата и вознемиреноста - вели Зарина Бриг, овластен личен тренер.

На телото му овозможувате повеќе енергија

- Пешачењето ќе ви даде поголема енергија и организмот ќе создаде повеќе митохондрии. Митохондријата е моќта на нашите клетки, а ако немаме здрави и функционални клетки, не можеме да живееме. Ако нашите клетки не функционираат докрај и почнеме да губиме митохондрии, стануваме уморни, слаби и имаме ментални здравствени проблеми. Прошетката не само што ќе му помогне на вашето тело, туку и на вашиот ум - вели Џои Турман, експерт за исхрана, здравје и фитнес.

Ќе ви помогне да вежбате совесност

- Додека совесноста обично се поврзува со формални практики, како медитација, вие можете да внесете совесност буквално во секоја активност, вклучувајќи го и пешачењето - вели д-р Џордан Данкан, сопственик на центар за рехабилитација на 'рбетот.

Извор: Theladders.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје