X
 08.07.2016 Култура

Што открива психолошката анализа направена на ликот на Серсеј Ланистер?

Корисникот на Reddit, Rain 12913 тврди дека е психолог. Тој направи анализа и дијагноза за ликот на Серсеј Ланистер од „Game of thrones“.

 

sersej


Интересно е да се види вистинска дијагноза која ги објаснува мотивациите на Серсеј. Според анализата, излегува дека Серсеј има нарушување на личноста. Фактот дека таа се грижи само за себеси - или за луѓе кои се слични на неа, ја прави класичен нарцис. (Како и секогаш, внимание, спојлери).

Бидете сигурни, Серсеј има многу ментални здравствени проблеми. Врската со нејзиниот брат е парафилично нарушување. Но, зошто нејзините емоционални реакции и активности кои ја прават нарцис:

Серсеј е класичен нарцис. Како таква, таа нема способност вистински да сочувствува со другите. И покрај оваа очигледна реалност, се чини дека луѓето паѓаат во замка мислејќи дека Сресеј навистина го сака нејзиниот брат и нејзините (покојни) деца. Додека таа често повторува дека ги сака, и додека нејзиното однесување може да сугерира на тоа, мала е веројатноста ваков нарцисоиден лик да е способен за вистинска љубов.

Но, навистина се чини дека Серсеј навистина ги сака своите деца.  Таа беше уништена поради смртта на Џофри, а тој беше најлошиот. Но, постои објаснување за она што се чини како љубов на еден нарцис:

Наместо љубовта кон другата личност како посебен ентитет која има сопствени слабости и предности, нарцисоидната личност ги дели во совршената категорија, и смета дека се слични како неа. На овој начин Серсеј мисли за Џејми и за нејзините деца.

Таа ги сака само затоа што тие делуваат и се чувствуваат како дел од неа. Значи има смисла тоа што не го изгуби разумот кога Томен скокна од прозорецот - Томен веќе прифаќаше совети од друга личност, со што престана да личи на неа.

Колку таа ќе се преправа дека го сака Џејми следната сезона? Со оглед на нејзиниот став кон кралското семејство и тоа што таа го користи дивиот оган против луѓето, може да имаат проблеми во нивната врска.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура