Останувањето во рамките на линиите е дефинитивно предизвикувачка вештина што децата треба да ја стекнат додека се во градинка, а очигледно е дека луѓето треба да ја имаат стекнато до моментот кога ќе достигнат зрелост и ќе се доволно стари за да добијат возачка дозвола.
Но, ова не е случај кај сите, па често гледаме како луѓето паркираат надвор од линиите на паркинг-местото, зафаќајќи две паркинг-места. Полошо е кога некој ќе го зафати и
паркинг-местото обележано за луѓе со инвалидитет.
Поради зачестеноста на ваквите ситуации, полицискиот оддел во Саутлејк, Тексас, смисли генијално решение за овој проблем.
За луѓето што не знаат да паркираат и излегуваат од линија, притоа зафаќајќи го и местото назначено за инвалиди, тексашката полиција почна да им остава летоци на возачите.
- Забележавме дека имате проблем со останувањето во линиите кога паркирате до место назначено за инвалиди. Можеби ако вежбате боење и останете во линиите, тоа би ви помогнало во иднина - пишува на летокот.
Фото: Twitter