X
 14.10.2019 Наука

Јапонски научници обоиле крави како зебри за да ги избркаат мувите

Набљудувачите вклучени во неодамнешна студија сигурно биле збунети кога виделе што прави еден тим од научници. Истражувачите исцртале група јапонски црни крави со бели линии. Излегува дека поентата на овој експеримент била збунување на одреден вид набљудувачи. Се покажало дека системите за детекција на движење на мувите биле помешани од лентите.

За да ја спроведат истрагата, истражувачите обоиле шест јапонски црни крави со бели ленти. Потоа тие три дена набљудувале група крави со и без исцртаните линии. За набљудувањата научниците правеле фотографии со висока резолуција од стоката во различен тајминг. Со испитување на фотографиите тие можеле да го избројат бројот на мувите што слетувале на животните.

Фото: Interesting Engineering

Други индикации забележани од научниците биле колку често кравите мрдале со нозете или опашките поради мувите што им досадувале.

Бројот на мувите забележани на исцртаните крави бил импресивно помал од половина од бројот на муви забележани на неисцртаните крави.

- Утврдивме дека исцртувањето на кравите како зебри може да ја намали зачестеноста на коњски муви што слетуваат на животните за 50 отсто. Исто така, утврдивме дека намалениот број на слетувања на коњски муви се совпаѓа со редукцијата на одбранбеното однесување кај кравите - се наведува во студијата.

Студијата покажува дека може да има подобра опција од традиционалните средства за одвраќање на мувите од стоката. Фармерите сега повеќе се потпираат на користење пестициди за решавање на проблемот.

- Овој труд обезбедува алтернатива на употребата на конвенционални пестициди за намалување на нападите од коњски муви врз стоката, што ги подобрува благосостојбата на стоката и здравјето на луѓето, а и помага за решавање на проблемот со резистентност на пестициди во околината - стои во студијата.

Мала количина боја за збунување на малите летачки штетници е сè што е потребно за решавање на овој проблем.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука