X
 04.09.2016 Живот

Алгоритам што ќе ви помогне да креирате успешен живот

Зарем не сте уморни од истите стари совети за личен успех?

Знаете совети како:

Вие треба јасно да ја дефинирате својата цел
Бидете бестрашни
Не се споредувајте со другите луѓе
Следете ја вашата страст

Да, сите овие совети се испробани и тестирани, но дали вие сте ги прифатиле сите нив или сте пробале да им дадете зелено светло, но едноставно тие не работат за вас. И тоа е причината да пробате нешто различно, нов пристап, да го поместите вашиот живот од рутината и да го придвижите  во нова ветувачка насока.  

 

алгоритам за успешен живот 


Постои начин да се биде успешен и да се револуционизира светот и не се обесхрабрувајте што сте се обиделе и сте постигнале само ограничен успех.  Тоа е менување на играта, што може да го земе вашиот живот од просечност до постигнување на успех за кој сте сонувале.

Неверојатната моќ на алгоритмите 

Алгоритмите се пронаоѓаат обично во светот на компјутерско програмирање. Но во еден поопшт начин алгоритмите се насекаде. Тие утврдуваат кои резултати од пребарувањето вие ќе ги видите на Google, или кои ставки за споделување ќе се појават на вашиот “Facebook feed“. Рецепт за подготвување храна е алгоритам.

Методот што се користи за решавање на доградување илидолгорочни проблеми на несогласување е алгоритамот. Процесот на диплење на кошула или пар пантолони е алгоритам. Дури и вашата утринска рутина може да се смета за алгоритам.

Поточно алгоритмите се чекор по чекор процес за решавање на проблемот. Овие збир на правила може да се креираат за решавање на комплицирани проблеми како и основните. 

Некогаш може да дојдете до решение што работи за некои нешта, но не и за други, што значи дека треба да измислите подобар алгоритам. Вие исто така може да најдете некои решенија се поефикасни од другите, што може да се направат во помали чекори, а тоа значи ќе бара помалку време. 

Алгоритмичкото рамислување или способноста да се дефинираат јасни чекори за решавање на проблеми е од клучно значење. Тоа ни овозможува да ги ослабнеме проблемите и да најдеме концепт за решенија во однос на дискретни чекори во постапката. 


За алгоритамот да се смета за валиден мора да ги содржи овие 3 карактеристики: 


Треба да биде ограничен: алгоритамот што никогаш не решава порблеми е сосема бескорисен. Мора да биде дизајниран со ограничени правила.

Мора да има јасни инструкции:
секој чекор од алгоритамот мора да биде јасно дефиниран. Упатствата треба да бидат очигледни за секој случај.

Мора да биде ефективен:
aлгоритамот мора да биде дизајниран со цел да ги реши вашите специфични проблеми.

алгоритам за успешен живот


Но убавината на внимателно дизајнирани алгоритми е откако ќе ги најдете вистинските правила, па резултатите што ги посакувате секогаш ќе бидат автоматски. 


Алгоритамот што ќе го програмира успехот во вашиот живот


Сега кога имате идеја за тоа како да креирате алгоритам, време е да поставите некои правила што автоматски ќе ви ги дадат решенијата што ги барате за успех.


Правило број 1: Доверба пред способност

Вашиот личен успех зависи од тоа колку доверба имате во вашите способности. Оваа доверба мора да постои пред било кој напор што ќе го превземете. Многу луѓе претпоставуваат дека со цел да се биде успешен, мора да имате богатство на знаење проследено со доверба. И тоа донекаде е точно.

Сепак кога се соочувате со предизвици и препреки, тешко ќе биде повторно да станете и да постигнете некои цели ако немате доверба во своите способности. Кога верувате во себеси, постои голема веројатност дека ќе превземете акција. Без доверба во вашите способности, не може да дојде до израз целосниот ваш потенцијал.

Лицето со само-ефикансост (помодерен збор за доверба) е поверојатно да проба нови нешта. Тие исто така имаат тенденција да го прескокнат неуспехот и да бидат поупорни во соочување со препреките. Луѓето со повисока самодоверба имаат исто така поголемо чувство на мотивација и упорност, не се контролирани од  страна на околностите и се способни да го разменат неуспехот во успех.
 
Ако се грижите толку многу за успехот, тогаш знаењето не е важно како што е верувањето во вашата способност да го спроведите неопходното однесување за да произведе резултат.

Како да создадете доверба?

Формирањето на доверба зависи од следните фактори:

Се восхитувате на успехот од некој друг

Некој во оваа огромна вселена веќе го направил она што сакате да го постигните. Гледајќи ги луѓето како успеваат со постојан напор ви ги подгрева вашите верувања дека и вие исто поседувате способности за совладување на слични активности за да успеете.

Кога ќе го видите успехот на некој друг, особено на некој со кого вие се идентификувате, повеќе сте склони да верувате дека може да го постигнете и вие тоа.  Па поради тоа имајќи една или две модели на пример ќе ја зајакне вашата смисла на самодоверба.


Успешни искуства

Успесите од минатото се моќни придвижвачи на самодовербата. Тие влијаат на вашата перспектива на способности и продонесуваат за понатамошниот успех полесно да се постигне, дури и кога вашите напори вродуваат само мали победи.


Малите победи градат андроген рецептори во областа на мозокот што се одговорни за наградување и мотивација. Кога имате серија на мали победи, зголемената самодоверба може да трае со месеци. Па затоа започнете со акумулирање на примери од минатото за да ја зголемите довербата во конкретната област.


Визуелизација

Се што можете да замислите е реално. Вистинската величественост на вашиот ум лежи во имагинацијата. Визуелизацијата е моќна алатка бидејќи креира реалност што изгледа како вистина пред да почне да се манифестира во физичката форма. Кога ќе визуелизирате дејство, мозокот го води телото да се движи на начин доследен на она што сте го замислиле. Вие почнувате да ја гледате можноста на постигнување на вашиот посакуван резултат.

Ако сте во можност да се фокусирате на еден единствен настан што за себе си го посакувате и се фокусирате на тоа интензивно, почнувате да чувствувате емоции како настанот да се случува. На некој начин визуелизацијата помага да живеете во тој момент пред да стане реалност.


Правило број 2: Љубов за учење


Единствениот начин да имате успешен живот е да го имате неопходното знаење и вештини за размислување. Меѓутоа повеќето луѓе го мразат учењето поради начинот на кој се навикнати да учат. За нив учењето е нешто што им е наметнато, и затоа се чувствуваат загубени веднаш по завршувањето на формалното образование.

Тоа е зошто многу луѓе се заглавени во медиокритетски околности, едноставно затоа што тие немаат идеја што да направат за да излезат од тоа. Но проширувањето на својата база на знаење може да ви помогне да истражувате нови и предизвикувачки патишта во животот, и ќе ви помогне да избегнете да бидете во стагнација.
 
Учењето ве снабдува со вештини што ви се потребни за да успеете. Тоа е забавно. Бидете со млад дух. Тоа ќе ви овозможи да доживеете поинтересно искуство и ви помага да се ослободите од вашето незнаење и беда. Учењето е искуство што ги отвара очите и ќе ви помогне да го сфатите животот онаков каков што е, наместо тоа како вие мислите дека треба да биде. Колку повеќе учите вие ќе можите да направите конекција помеѓу деловите на знаење и колку поуспешни станувате.


Како да го започнете патувањето на учење?


Учењето бара акција. Ова се трите фактори кои ќе го зголемат вашето знаење:


Читајте


Кога последен пат сте прочитале книга, или некоја значајна статија од магазин? Ако сте еден од безбројните луѓе кои немаат навика да читаат редовно , вие може да
се лишувате од многубројни бенефити. Бенефициите како: ментална стимулација, намалување на стрес, знаење, проширување на речникот на зборови, подобрување на меморијата, силни аналитички вештини на размислување, подобар фокус и концентрација, подобри вештини на пишување, и успех се дел од пакетот на придобивки од читањето.

Добар жанр да започнете со читање е книгите за само-помош. Ова знаење ќе ве стави на патот до успехот со помагање да креирате личност за успех. Успехот започнува од внатре па нанадвор. Сменете се себеси, сменети ги вашите околности.

алгоритам за успешен живот

 


 

Слушајте објави


Аудио и видео објавите се одлична и удобна алатка за учење. Тие не се замена за книга, но тие обезбедуваат многу различно искуство на учење. Тие покриваат широк спектар на теми и имаат тон. Освен тоа ве става во конторлата на вашите влијанија. Изберете да бидете под влијание на луѓе кои се на ниво на успех што сакате да го постигнете.

Една од најголемите предности на аудио објавите е преносливоста и удобноста што ја нудат. Тие може да бидат превземени од било кој мобилен уред, а ви овозможува пристап до ресурси во секое време, насекаде и без преголем напор. Аудио објавите  ќе ви помогнат да научите нови идеи и перспективи. Неколку предлози за аудио и видео објави може да најдете на: “NPR“, “TED Talks“, “This American Life“, “How Stuff Works“, и  “Tony Robbins“


Имајте хоби

Хобито нуди можности да се одморите, но е пауза со цел. Покрај тоа одличната работа кај хобито е дека обезбедува одличен излез за да се оспорите себе. Нов предизвик може да се отвори во вашиот ум, како и нови начини на гледање на светот. Кратко кажано, имањето на хоби ќе ви донесе целокупен поквалитетен живот. Хобито ќе ви помогне да го задржите важиот ум остар за успех.

Учењето е во вашите гени

Вие сте на чело на најмоќната машина во универзумот, мозокот. Па искористете го. Користете го често и за цел да го збогати вашиот живот, животот на другите и за правење на светот подобро место.


Правило број 3: Започенете го вашето патување со мали чекори

Многу големи достигнувања не започнуваат со некој план или момент на инспирација. Тие почнуваат со мали чекори. Секој чекор е обичен, но се акумилира во нешто повеќе. Медиумите и нашето инстант задоволувачко општество, имаат тенденција да мислат на успехот на славните дека се случил преку ноќ. Во реалноста овие преку ноќ успеси се сума на илјадници ноќи на работа, и тие дошле до таму со превземање на безброј мали чекори наместо гигантски скокови.

Проблемот со поставување на големи чекори и преземање на огромни скокови е дека тие можат да бидат многу застрашувачки и всушност да не обесхрабрат да започнеме. Големите цели и џиновските скокови може да ја потрошат довербата и да ве одржува чекор назад. Ова во голема мера може да ве обесхрабри и да предизвика да се откажете од “ловењето“ на вашиот личен успех.

Како и да е поставување на мали цели и преземање на мали чекори го олеснуваат одењето напред и ве охрабрува да продолжите да чекорите. Ова е важно за вас бидејќи вашата доверба или ќе биде подигната или ќе биде повлечена надолу во зависност од вашата способност да напредувате.
 
Единствениот најмоќен мотиватор е мал дневен напредок. Напредокот ја придвижува мотивацијата, која за возрат го придвижува идниот напредок. Ако може да го потпомогнете напредокот може да потпомогнете во добивање подобри резултати.
 
Во голема мера ние го контролираме нашиот успех и мотивација преку поединечни мали чекори. Малите чекори произведуваат долгорочни промени што водат до долгорочни резултати. Тие се лесни за управување и следење, а ова се базира на самодовербата и самопочитта која ги подрржува вашите напори.  

Успехот е прозивод на мали чекори. Како да дојдете до успехот со мали чекори?

Формулата за превземање на мали чекори е едноставна и нема потреба од објаснување:

  • Детална конкретна цел
  • Поделете ја целта во мали, остварливи чекори
  • Изведување на секој чекор секојдневно (со други зборови бидете доследни)
  • Славете го вашиот дневен успех (без оглед колку е мал)
  • Фокусирајте се на напредок а не на совршенство


Крајнатa линија е дека може да постигнете големи нешта со мали чекори и мали цели. Размислете за она што сте го постигнале во годината, месецот, неделата, денес. 


Нека овој алгоритам ве програмира за успех


Ако сте болни или имате болно чувство за животот, искористете го овој збир на правила за да ви помогне да се промените. Тоа е исклучителен алгоритам и ќе ви помогне да креирате успешна личност која сакате да бидите. И верувајте резултатите ќе бидат импресивни. Колку побрзо ќе започнете, побрзо ќе го вкусите успехот што го заслужувате.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот