X
 09.02.2024 Наука

Волците и кучињата изложени на зрачењето во Чернобил се отпорни на рак

Нуклеарната катастрофа во Чернобил предизвика мутација кај волците и кучињата. Експлозијата на нуклеарната централа во 1986 година предизвика изненадувачка еволуција која би можела да помогне да се најде лек за рак.

Поради екстремно високите нивоа на радијација, луѓето биле евакуирани од Чернобил и околните области уште за време на несреќата во 1986 година.

Бидејќи не живеат луѓе во Чернобил, која има на радијација од 11,28 милиреми, шестпати повеќе од дозволеното, дивиот свет почна да напредува во областа.

Регионот е дом на повеќе од 200 вида, вклучувајќи птици, елени, ракуни, бизони, лисици, рисови и гризли мечки.

Волците-мутанти што живеат во оваа област развиле нови суперсили кои можат да помогнат да се спасат човечки животи. Истражувачите откриле дека имунолошкиот систем на животните бил генетски модифициран за да покажат отпорност на рак.

Научникот Кара Лав од Универзитетот „Принстон“ и нејзиниот тим во 2014 година почнале да истражуваат како животните ја издржуваат радијацијата што предизвикува рак. Таа и нејзиниот тим собрале примероци од крв за да ги следат движењата на волците и нивото на изложеност на радијација во реално време. Им поставиле ГПС-ремчиња опремени со дозиметри за мерење на зрачењето.

- Добивме мерења во реално време за тоа каде се и на колкаво зрачење се изложени - вели Кара Лав.

Истражувачите ги анализирале генетските разлики помеѓу ДНК на мутираните волци што живеат во и надвор од зоната. Наодите покажале дека и покрај редовната изложеност на потенцијално фатални дози на зрачење, волците биле извонредно отпорни на неговите ефекти.

Беше откриено дека многу гени поврзани со ракот имале нови мутации за време на анализата, што укажува дека тие се развиле како одбрана од радијација.

Експертите се надеваат дека ова откритие може да го олесни наоѓањето човечки варијации кои ќе го намалат ризикот од рак.

Чернобилските кучиња генетски се разликуваат од другите кучиња, велат експертите од Националниот институт за истражување на човечкиот геном и Универзитетот во Јужна Каролина. Тие би можеле да се поделат во три групи врз основа на генетска сличност.

Целта на истражувањето е да се открие како зрачењето влијаело врз ДНК на кучињата од Чернобил. Ова откритие ќе обезбеди основа за решавање на опстанокот на повеќе генерации во тешки услови.

Извор: Science Times
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука