Дали некогаш сте се запрашале зошто скршеното огледало наводно носи несреќа седум години по ред?
Едно од најзастапените верувања датира уште од антички времиња, кога производството на огледала било многу скапо, бидејќи се правело од ретки материјали, како што е вулканското стакло.
Само богатите го поседувале. Познатите венецијански мајстори од 15-от и 16-от век не сакаа да ја откријат тајната, со намера повеќе да ја покачат вредноста на нивната работа, па ја смислиле приказната дека секој кој ќе го скрши тој предмет ќе биде несреќен.
Дури и старите Римјани имале своја теорија, верувајќи дека огледалото ја "фаќа" душата додека во него се гледале, па кога ќе се скрши, како и душата останува расфрлена на делчиња и потребно е да поминат седум години за да се обнови.
Можеби поради оваа причина, во некои региони постои обичај огледалата да се покриваат и стаклата во куќата кога некој ќе умре, така што душата може без проблеми да оди.