Овие уникатни, а понекогаш и застрашувачки возења во тобоган ќе направат да се чувствувате повторно како мало дете.
“Принтемпс“ трговски центар, Шангај, Кина
Овој 62-метарски висок, 177 стапки долг тобоган беше отворен во февруари 2016 година во трговскиот центар “Принтемпс“во областа Пудонг во Шангај. Со беспрекорниот не’рѓосувачки челичен тобоган ви се потребни само 16 секунди за да се возите од петтиот кат, цел пат до приземјето на трговскиот центар.
Харбин земја на чудата од мраз, Бангкок, Тајланд
Во текот на последните неколку години, неколку затворени зимски тематски паркови се отворија во Бангкок, за да им овозможат на луѓето одмор од цело годишната топлина. Овој тобоган од мраз е само еден од многуте ладни атракции во
Харбин земјата на чудата.
Тобоган во “ArcelorMittal Orbit“, Лондон, Англија
Дизајниран од страна на белгискиот уметник Карстен Hулер, овој 584 стапки долг тобоган e извиткан 12 пати околу скулптурата Орбита на Аниш Капур во Олимпискиот парк на кралицата Елизабета.
Возачите кои се доволно храбри да го пробаат овој тобоган, кој се отвори во јуни 2016 година можат да достигнат брзина од околу 15 милји на час. Билети може да се купат
однапред тука и чинат 20 долари за едно возење.
Светот на Астрид Линдгрен, Вимерби, Шведска
Инспириран од приказните на шведскиот автор Астрид Линдгрен, кој е добро познат по книгата “Пипи Долгиот Чорап“, овој
тематски парк е полн со живописни детали вклучувајќи ги оние странично изградени покриви на куќи кои наликуваа како од мало село.
Отскок на верата, тобоган на вода, Насау, Бахами
Еден од неколкуте тобогани на вода во
Атлантис Ресорт Хотелот, е овој 60 метарски висок тобоган кој ги испраќа возачите од врвот на храмот на Маите низ јасниот тунел, кој води до лагуна со ајкули што пливаат.
Небесниот тобоган, Лос Анџелес, Калифорнија
Иако тобоганот е долг само 45 стапки, овој стаклен тобоган е лоциран на надворешната страна на 70 катната кула на Банката во САД и е најверојатно најстрашната за искусување од оваа листа. Ако не се плашите од височина, небесниот тобоган ќе ве чини 33 долари, а билетот може да се купи и
тука.
Градски Музеј, Сент Луис, Мисури
Кога
градскиот музеј Сент Луис бил отворен во поранешната меѓународна фабрика за чевли, старото лизгалиште за чевли на фабриката било претворено во спирала тобоган од 10 ленти, а посетителите може да се возат се до подрумот на музејот.
Во центарот на градскиот парк, Лас Вегас, Невада
Се наоѓа во центарот на отворен трговски центар, изграден целосно од бродски цевки, а зоната со дрвени куќи има неколку тобогани за деца и возрасни да уживаат, вклучувајќи и еден кој е долг 33 стапки.
Дрвено игралиште, Минхен, Германија
Овој тобоган лоциран на игралиште во Минхен, со сигурност не е толку страшен, како претходните тобогани од листата, но неговиот бизарен облик формира серија на дрвени штици, што го прави еден од најневообичаените.