X
 12.10.2016 Здравје

Не е можно да се живее повеќе од 122 години

Можно е некој да живее малку повеќе од 115 години, но веројатноста некој да доживее 125 се 1 : 10.000.


Најдолговечната личност според документираната историја живеела 122 години и тој рекорд можеби никогаш нема да биде надминат, велат научниците кои тврдат дека е достигнат “врвот“ на човечкиот
животен век.



 

 


Истражувајќи ги демографските податоци од повеќе од 40 земји, њујоршките научници заклучиле дека 90 - те години бил достигнат максималниот раст на животниот век кај човечкиот вид.



Тоа се случило во 1997 - та година кога починала французинката Жан Клемент, на возраст од 122 години и 164 дена.


„Од тогаш, најстарата личност на светот умира околу својата 115та година“ - изјавил Брендон Миоланд од медицинскиот факултет Алберт Ајнштајн во Бронкс

Практиката е таква, иако просечниот животен век и понатаму расте поради подобрување на медицинската нега и подобрување на условите за живот. Со други зборови, повеќето од луѓето ќе доживеат
доцни години, но оние најдолговечните помеѓу нив веќе ја имаат достигнато најгорната граница.

“Сметаме дека ваквата состојба нема скоро да се промени“ - вели Миоланд. “Можно е некој да поживее трошка повеќе од 115, но веројатноста дека ќе доживее 125 е 1 : 10.000“ - објаснува тој.

Тоа секако може да се промени со големи медицински или технолошки откритија, своевиден “еликсир на младоста“.

„Не можеме да ја елиминираме оваа можност, но тоа би било навистина неочекувано. Медицинскиот напредок во последните десеттолетија го зголеми очекуваниот животен век, но не направи ништо за да ја зголеми максималната животна доба“ - вели Миоланд.

Максималниот
животен век е поим со кој се објаснуваат годините на најдолговечниот припадник на нашиот вид. Очекуваниот животен век е просечно траење на животот кој поединецот може да го очекува во одреден регион, односно мерка на друштвената благосостојба.

Очекуваниот животен век на глобално ниво е во непрекинат пораст од крајот на 19тиот век. Децата кои денеска се родени во САД можат да очекуваат дека ќе доживеат 79 години, во споредба со 47 на почетокот од 20тиот век. Максималниот животен век исто така расте, но најверојатно го има достигнато својот врв. Тоа води до фактот дека најверојатно постои биолошки лимит на човечкиот живот и покрај тоа што некои се надеваат дека ќе го пронајдат доживотниот лек.

“Нашите резултати не уверуваат дека максималниот животен век е фиксна категорија, која зависи од природните ограничувања“ - вели Миоланд и признава дека е малку разочаран.

„Меѓутоа како научник должност ми е да ја кажам вистината и кога не е толку допадлива“ - вели тој.

Коментирајќи ја студијата од магазинот Nature, научникот од Универзитетите во Чикаго, Џеј Олшански пишува дека тој е потсетник за теоријата дека човечкиот род се приближил до природната граница на траењето на животот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје