X
 22.10.2016 Уметност

Како се добива Нобеловата награда за литература?



Марк Твен


Минатата недела, Боб Дилан стана првиот текстописец од Западот што ја доби Нобеловата награда за литература, бидејќи „го создаде новиот поетски израз во рамки на големата американска музичка традиција“, со што им се придружи на прочуените имиња на Бертранд Расел, Винстон Черчил и Ернест Хемингвеј како лауреат. Долги години пред да се случи одликувањето, многумина типуваа дека е следниот добитник, а сега веќе неговите стихови и официјално се прогласени за уметност од страна на авторитетната комисија од областа на литературата.

Но, прашањето е како некој може да се стекне со ова признание?

Зад секоја Нобелова награда стои организација задолжена за доделување на признанието, конкретно за литература одговорна е Шведската академија. Секоја година, Академијата испраќа барања за номинации до илјадници поединци. Меѓу нив спаѓаат поранешни добитници, членови на академијата, професори по литература од целиот свет и водачи на здруженија на писатели. Сите номинации од стотици се сведуваат на пет имиња во рок од два месеца, а потоа се посветуваат неколку месеци во дискутирање на заслугите на финалистите. Победник може да биде личност која претходно барем еднаш била финалист.

Боб Дилан претходно се стекнал со правото да биде избран, а наградата ја добил зашто бил оценет како најдобар избор во однос на останатите финалисти. Сепак, јавноста оваа одлука ја смета за контроверзна. Францускиот писател, Пјер Асолин, прокоментирал дека одликувањето на Дилан значи презир кон писателите. Шкотскиот автор, Ирвин Велш, пак, смета дека доделувањето е избор на сенилни хипици.         
Наградата за литература одамна е засенета од контроверзии. Вкусовите на водството на комисијата не ги сметале за достојни за наградата богатите опуси на големите автори како што се Лав Толстој и Марк Твен. Секоја од Нобеловите награди е спорна, најчесто доделена на личности кои помалку ги заслужуваат во споредба со други, но се чини дека Нобеловата за литература предничи во своите „пропусти“.

Инаку, Жан Пол Сартр одби да ја прими оваа награда со изговор дека принципиелно не прифаќал никакви награди. Борис Пастернак, авторот на Доктор Живаго, беше принуден од страна на Советската влада да ја одбие наградата. Критериумите за наградата не предвидуваат постхумно одликување, па затоа авторите како Франц Кафка не се земале предвид.

Боб Дилан е првиот Американец кој по две децении ја добил Нобеловата награда за литература и воопшто вториот текстописец Нобеловец.   
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност