X
 27.10.2016 Здравје

Како можете да спречите злоупотреба на деца?

Злоупотреба на деца


Илјадници деца ширум светот секојдневно се соочуваат со злоупотреба што доаѓа од различни извори, вклучувајќи ги родителите, наставниците, свештенството, роднините и непознати луѓе. Злоупотребата на децата не е нешто што може секогаш да биде забележано, но постојат начини на кои секој може да помогне во откривањето и спречувањето. Многу е важно да се внимава на одредени знаци во однесувањето на децата. Некои од нив можат да бидат суптилни, а други очевидни. Преку следниве неколку начини можете да детектирате дали детето се соочува со злоупотреба. 

1.    Разговарајте со децата

Уверете се дека децата во вашиот живот знаат дека имаат право на заштита и сигурност, и дека не е нивна вина доколку се најдат во ситуација да бидат злоупотребени. Кога ќе знаат за своите права, голема е веројатноста дека самите ќе пријават злоупотреба.

2.    Поддржувајте ги програмите за превенција и заштита

Постојат многу програми чија мисија е спречување на злоупотребата на децата. Сите треба да ги поддржиме, бидејќи многу често помошта доаѓа откако ќе се евидентира злоупотребата. Ваквите програми се специјализирани за превенција на оваа појава.

3.    Заинтересирајте се за изворите што нудат таква помош

4.    Обидете се да го разберете обемот на злоупотребата

Постојат различни форми на злоупотреба, покрај физичката и сексуалната. Се јавуваат и ментална злоупотреба, неможност да се обезбедат елементарни животни услови, одбивање, изолација и навредување. Колку сте поинформирани, толку побрзо ќе можете да забележите случај на злоупотреба.

5.    Научете ги знаците што укажуваат на злоупотреба

Очигледно, модринките и другите белези се јасен знак за злоупотреба. Но, има знаци коишто не се видливи. Најчесто, децата што се соочуваат со злоупотреба се депресивни, недоверливи, покажуваат непримерно сексуално однесување, непријателски се расположени и сл. Вообичаено имаат проблем да склучат нови пријателства. Овие се најчестите знаци дека нешто не е во ред.

6.    Забележувајте ги промените во однесувањето

Ако забележите дека детето се однесува необично, на пример, има промена во навиките за спиење и исхрана, и дека станува повлечено или агресивно, може да значи дека страда од некоја форма на злоупотреба.

7.    Забележете дали детето се плаши да си оди дома

Ако забележите дека детето не сака да си оди дома или дека се плаши од одењето дома, најверојатно е загрижено дека дома ќе биде злоупотребено. Ако децата се плашат да си отидат од училиште или да одат негде со одредени луѓе, исто така може да биде знак дека се злоупотребуваат.

8.    Забележете дали детето се однесува непристојно

Често, децата кои биле сексуално злоупотребени изразуваат поголеми познавања за сексот отколку што им доликува на возраста. Исто така, може да се однесуваат непристојно и да користат вулгарен јазик.

9.    Забележете какви било физички промени

Кај децата што не ги хранат доволно дома се забележуваат нагли физички промени. Забележете го неочекуваното губење на тежина, бидејќи тоа укажува дека немаат соодветна исхрана.

10.    Волонтирајте!

Ако имате доволно слободно време, може да се вклучите во некои локални програми за заштита на децата од злоупотреба. На тој начин можете да учествувате во спречувањето на ваквата појава.  
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје