X
 29.10.2016 Наука

Ако глобалното затоплување продолжи, Шпанија ќе биде во големи проблеми

Во декември 2015 година 195 земји од целиот свет се собраа во Париз за да постават насоки и цели за справување со глобалното затоплување. Договорот е познат како Париски договор, а овие земји во негови рамки создале долгорочен план за да ги задржат температурите од зголемување на повеќе од 2 степени Целзиусови.

Сега, со користење на климатските модели и историските податоци, тим на истражувачи од Франција ја тестира долната граница за да се види што ќе се случи во Средоземното Море ако се постигнат тие ограничувања.


пустина


Тие нашле докази дека ако се случи температурите да се искачат за 2 Целзиусови степени, Јужна Шпанија ќе се трансформира од шума во пустина, што драстично ќе ја промени биолошката разновидност во регионот.

„Парискиот договор вели дека е потребно да се ограничи глобалното затоплување од 2 Целзиусови степени, ако е можно на 1,5 степени- објаснил ко-авторот Џоел Гујот, од Францускиот Националниот центар за научни истражувања за „Associated Press“.

За нивната студија истражувачите користеле историски податоци за да анализираат како медитеранскиот регион се променил во текот на последните 10.000 години, што во основа им даде патоказ за изградба на климатските модели. Тие создале сложени компјутерски модели кои ги зеле во предвид различните нивоа на емисии на стакленички гасови во атмосферата, овозможувајќи им да анализираат како регионот ќе се промени доколку температурните нивоа се зголемат за различни износи.

Тимот откри дека ако глобалните температури останат исти како и денес околу 1 Целзиусови повисоки од прединдустрискиот период Средоземното Море нема да се смени многу во однос на биолошката разновидност. Но, ако температурата се зголеми за 2 степени Целзиусови, регионот во целост ќе се промени бидејќи сушата најверојатно ќе се одржи подолго време и крајот ќе ја претвори шумската област во пустина што драстично ќе влијае на тековните екосистеми во областа.

Истражувањето беше објавено во списанието Science.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука