X
 02.11.2016 Култура

Скриените богатства во Националниот музеј на Либија

Од Бејрутскиот Национален музеј за прв пат во четириесет години го отвориле својот подрум во кој се наоѓа неверојатна количина на експонати од погребната уметност, вклучувајќи ја и најголемата светска колекција на антропоидни саркофази, пишуваат France 24.


Новата изложба се состои од 520 експонати кои датираат од плеолитот па се до Отоманското царство. Некои од експонатите никогаш не биле видени од јавноста, а другите пак,  не биле изложени уште од седумдесеттите години. Музејот бил затворен бидејќи се наоѓал во средината на Либанската граѓанска војна од 1975 до 1990 година.

По дури 40 години, музејот повторно е отворен за посетители. Обновен е од претрпените штети, а ова е прв пат посетителите да имаат можност да ги погледнат делата кои биле скриени во порумот – римскиот саркофаг на кој се прикажува митот за Икар и подземните гробници со прикази од грчката митологија пронајдени во близина на Тир. Либан е богат со артефакти и културно наследство. Можеби како најинтересни експонати се трите мумии кои никогаш не биле изложени, а се пронајдени во 1989 година.

Проектот за обнова на музејот и отворање на подрумот е финансиран од Италија со повеќе од милион евра. Сега, кога подрумот е отворен, постојат толку многу експонати за кои нема доволно место, па во план е изградба на нови музеи во Бејрут, Сидон и Тир.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура