X
 19.10.2023 Култура

Што се случува кога посетителите на музеите ги допираат мермерните скулптури

Во рацете на талентиран уметник, мермерот може да стане високо реалистично дело.

Затоа, може да се појави желба кај посетителите да ја допрат завршената скулптура. Но, допирањето на мермерната скулптура може да му ја одземе убавината на самиот материјал.

Националниот музеј во Велс покажа што би се случило доколку сите посетители допираат една од неговите познати мермерни вазни.

Музејот е дом на вазната Џенкинс, именувана по Томас Џенкинс, кој ја купил во 1769 година. Вазната е висока 172 сантиметри.

Вазната не е закачена со јаже, па музејот се надева дека посетителите ќе се стојат на дистанца и нема да ја допираат. До вазната пишува дека посетителите не смеат да ја допираат, таа е направена од мермер и ако секој посетител ја допре, ќе се извалка.

A museum demonstrating what happens when you let visitors touch marble
byu/frituurgarnituur inDamnthatsinteresting
Под неа персоналот има закачено две мермерни раце: едната заштитена, а другата слободна за да ја допрат посетителите.

- Сакаме да го допрете ова парче мермер. Погледнете ја разликата помеѓу површината што луѓето ја допреле и онаа што не е допрена - напишале тие.

Површината што е допрена е значително повалкана од онаа зад стаклото. Заградената, недопрена површина ја задржала белата боја. Освен тоа, прекумерното триење може да придонесе скулптурите да ги загубат своите детали. Така, на пример, бронзената статуа на свети Петар во базиликата во Ватикан има последици од тоа што ја допираат посетителите и сега е избледена и истрошена.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура