X
 17.12.2017 Здравје

Што се случува во нашето тело кога ќе престанеме со редовното вежбање?

Секому се случува да прескокне тренинг или два, што не е „крај на светот“. Но, што се случува во нашиот организам кога целосно ќе престанеме да вежбаме?

Прва недела

Вашата издржливост почнува да опаѓа. Максималната потрошувачка на кислород се намалува за 5 проценти, што значи дека до вашите мускули доаѓа исто толку помало количество кислород, односно енергија. Доколку би направиле обид да претрчате 5 километри за 20 минути, вашето време би било за 10 секунди подолго.

Втора и трета недела

Максималната потрошувачка на кислород се намалува за 12 проценти, мускулната сила опаѓа, мускулните клетки се намалуваат. Од друга страна, се зголемува бројот на масни клетки. Времето што би ви требало да истрчате 5 километри сега се зголемува за 60 секунди.

Четврта, петта, шеста и седма недела

Максималната потрошувачка на кислород се намалува за 12-15 проценти, мускулни клетки има сè помалку, а масните клетки толку се намножиле, што имате чувство на подуеност. Потребни ќе ви бидат дополнителни три минути за да истрчате 5 километри.

Два месеца

Максималната потрошувачка на кислород е помала за 26 проценти. Најдобро би било да престанете да го мерите времето што ќе ви биде потребно за трчање 5 километри затоа што тоа ќе ви го расипе расположението.

Ако вака продолжите, ризикувате:

•    Висок крвен притисок
•    Високо ниво на холестерол во крвта
•    Развој на одредени кардиоваскуларни болести
•    Дебелина
•    Депресија
•    Ниско ниво на самодоверба

По напорниот тренинг многу е важно добро да се одморите, но наместо да се излежувате, најдобро е да се обидете со активен одмор. Пасивниот одмор уште повеќе ќе придонесе за губење на силата и издржливоста.

Погледнете го видеото:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје