X
 01.12.2016 Технологија

Земји со највисока стапка на цензура на интернетот

Извештајот „The Freedom on the Net 2016“ објавен од „Freedom House“ носи некои увиди во однос на нивото на цензура на интернетот во светот. Речиси 67 проценти од интернет популацијата во светски рамки користи цензуриран интренет.

Интернет цензурата е тренд тема, а слободата на луѓето до пристап на информации постојано опаѓа со секоја измината година. Владите се обидуваат да се поврзат со интернет популацијата ставајќи им дигитални синџири. Тие само им овозможуваат на луѓето да видат она што тие сакаат да го видат. Било која информација што најблаго ја критикува недемократската влада или монархија или дури и демократската влада, не е квалификувана да помине низ филтерот за цензура.


мапа


Одземање на интернет слободата не се сведува само на блокирање на веб сајтови. Подигањето на гласот за ова прашање исто така има последици. Социјалните медиумски платформи како „Facebook“ и „Twitter“ се првата цел за цензура на информациите, а потоа тука се вклучуваат и „WhatsApp“, „Telegram“ и други.

Причината може да биде објавување на анти-владини текстови или акт на онлајн активизам кој може да направи големо влијание.

Различни држави имаат свое ниво за интернет цензура. Екстремни цензури постојат во земји како Кина, каде веб-страните како „Google“ не можат да се најдат на интернет просторот, или како што е со Северна Кореја каде земјата има интернет што се состои само од 28 веб страни.

Извештајот „Freedom on the Net 2016 (FOTN)“ од  „Freedom House“ ја опишува состојбата на интернетот во различни делови во светот. Тој покажува дека 67 проценти од интернет популацијата во светот користи интернет цензуриран во некоја форма.

Гледајќи на светската мапа генерирана со користење на податоците, се чини дека интернет популацијата во Азија користи малку „слободен“ интернет од популацијата што живее во западните земји како Северна и Јужна Америка и Европа.

„Freedom House“ користеше бодови (максимум 100) за секоја од 65 земји кои ги зеде во предвид за време на нивните анализи. Овие земји покриваат приближно 88 проценти од интернет популацијата во светот. Меѓу овие 65 земји, 17 имаат слободен интернет, 28 имаат делумно слободен, а 20 немаат слободен интернет. Македонија не е на листата.


светска мапа


Топ 10 земји со најголема интернет цензура:

Кина
Сирија
Иран
Етиопија
Узбекистан
Куба
Виетнам
Саудиска Арабија
Бахраин
Пакистан

Овде може да го погледнете целосниот извештај.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија