X
 28.09.2015 Наука

Зошто одеднаш се будиме пред цврсто да заспиеме?

Лежите удобно во креветот, вашите очи полека започнуваат да се затворат, кога одеднаш, се будите, вашите мускули се напнати и се борите за воздух, бидејќи се чувствувате како да сте паднале од карпа. Потоа, погледнувате наоколу и сфаќате дека сте безбедни дома, пред да потонете во длабок сон. Следниот ден, се прашувате: „Што по ѓаволите беше тоа?“

Постои име за овој феномен и се нарекува „hypnic jerk“ или „почеток на спиење“.

„Ова е ненадејно зголемување на мускулната активност која му се случува на секој и знае да биде доста изненадувачко и збунувачко, а интензитетот зависи од самата личност“, вели Д-р Карл Базил, директор на Центарот за нарушувања при спиењето на Универзитетот во Колумбија.

Некои луѓе едноставно не се будат, туку нивниот партнер им кажува за тоа подоцна. Другите плачат во страв. Правењето врева за време на „почетокот на спиењето“ е поврзано со визуелна компонента. Тој вели дека експертите не знаат што точно го предизвикува „почетокот на спиењето“, но она што се чини дека се случува е дека постојат невролошка „расправија“ помеѓу системите на мозокот кои ве држат будни, и оние кои ве поттикнуваат да заспиете.

За време на оваа преодна состојба, механизмот за спиење обично победува, но некогаш оној кој сака да ве држи будни понекогаш не се откажува толку лесно. „Една од работите кои се случуваат додека заспивате е тоа што вашите мускули се опуштаат, но оној дел кој сака да ве држи будни се`уште стимулира доволно за повремено да изреагирате и да добиете непредвидлива мускулна активност“, вели тој. А поради нејасна причина, сето тоа некогаш е проследено со слика.

„Почетокот на спиење“ обично е безопасно, а бидејќи научниците повеќе го сметаат за набљудување отколку медицински проблем, не постојат многу истражувања во оваа област. „Обично не значи ништо, такашто нема многу информации кои помагаат во неговото разоткривање. Слично е како икањето“, додава Д-р Карл.

Но, секако дека ова може да се влоши со раѓањето на несоницата, пиење многу кафе со кофеин и цигари, како и земање лекови кои имаат стимулирачки квалитети.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука