Оркестарот на
Виенската филхармонија ќе им ја врати вредната неоимпресионистичка слика на потомците на Евреинот кој беше ограбен од нацистите, изјави вчера портпаролката на филхармонијата, Клаудија Капсамер.
Капсамер истакна дека маслото на платно од францускиот сликар Пол Сињак од 1884 година, „Port-en-Bessin“, за три недели ќе му биде предадено на потомците на Марсел Кох.
Нацистичките власти сликата ја подариле на Виенската филхармонија после настапот во окупираната Франција во 1940.
Вредноста на сликата се проценува на 470.000 евра.
Виенската филхармонија ги исфрлила Евреите од оркестарот и блиско соработувала со нацистичкиот министер за пропаганда, Јозеф Гебелс, и другите соработници на Хитлер, после анектирањето на Австрија во 1938 година.
Последните неколку години, Виенската филхармонија работи на истражување и обелоденување на своите врски со нацистите.