X
 18.12.2016 Живот

Зошто луѓето со етика прават неетички работи?

етика

 

Повеќето компании имаат политика за етика и почитување за своите вработени. Вработените треба да се однесуваат во согласност со највисоките етички стандарди. Моралот, како и правните обврски мора да бидат исполнети на начин што ќе ја рефлектира гордоста на името на компанијата.


Корпоративните етички грешки станаа честа појава и не се евтини. Во последната деценија, околу милијарда долари се платени преку парични казни од страна на компаниите поради тоа што биле обвинети за етички прекршоци. Најновото истражување за бизнис етика покажува напредок кај лидерите кои вложуваат напори да обрнат внимание на системот на нивната организација. Но и покрај напредокот, 41% од работниците имале неетичко однесување во претходните 12 месеци, а 10% почувствувале организациски притисок за компромис на етичките стандарди.

И покрај добрите намери, организациите како сами да предизвикуваат етички катастрофи со тоа што создаваат средини во кои луѓето се принудени да направат избор кој никогаш не би го направиле.

„Кога за прв пат започнав со гонење на корупција, очекував да влезам во канцелариите и да ги пронајдам најодвратните луѓе. Бев шокиран кога најдов дека тоа се добри луѓе со кои јас можам да седнам и да се напијам кафе. И тие се'уште биле добри луѓе кои направиле ужасни избори“.

Ова се неколку начини поради кои компаниите непотребно ги предизвикуваат луѓето да направат неетички избори.

Психолошки е небезбедно да зборуваат отворено.


И покрај тоа што компаниите велат дека имаат политика на отворени врати, некои лидерски активности може да ја инхибираат храброста потребна да подигнат етички проблеми. Креирањето на културата во која луѓето слободно зборуваат, е од витално значење за да не се дозволи луѓето да поттикнат или недолично да се однесуваат. Мора да се соочите со двата основни предизвици кои ги спречуваат вработените отворено да зборуваат. Првиот е чувството дека отвореното зборување не вреди за напорот или пак дека некој на сака да го слушне вработениот. Второто е природниот страв и грижите на вработениот.

Постои зголеме притисок за постигнување на нереални цели

Истражувањата кои произлегуваат од Харвард школата за бизнис вели дека поставувањето на неограничени цели може да ги охрабри луѓето да направат компромисни избори со цел да ги постигнат своите цели, особено ако овие цели изгледаат нереалистични. Лидерите може да предизвикаат луѓето да мамат на два начини. Тие ќе го заобиколат начинот на кој ќе ја постигнат целта или пак ќе лажат колку од целта тие постигнале.

Спротиставени цели предизвикаат чувство на неправедност


И тука чувството на неправда е испровоцирано, а сцената е поставена за компромис. Истражувањата за организациски проблеми на Морин Амброус, Марк Сибрајт и Маршал Шинке покажува дека директната корелација помеѓу чувството на правичност на вработените и нивниот свесен избор да ја саботираат организацијата.

Етичкото однесување не е дел од рутинскиот разговор

Многу лидери претпоставуват дека зборувањето за етика е нешто што го правите кога постои одреден скандал или пак е дел од програмата за усогласеност на организацијата. Организациите мораат да ги научат луѓето за релативната вредност на принципите во однос на изборот. Лидерите морарат да прифатат дека тие се на повисоки стандарди од другите. Тие мораат да се екстра внимателни не само во врска со нивните намери, туку и како другите го интерпретираат нивното однесување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот