Доколку дојде до нуклеарна војна за која постои голема веројатност со оглед на големиот број на боеви глави кои ги поседуваат Американците и Русите со што би бил доведен до опстанок човечкиот род на Земјата, докторите Беки Алексис и Том Дејвис имаат решение. Тие анализираа и пронајдоа три најсигурни локации.
Алексис и Дејвис сметаат дека во моментот живееме во најмирниот период на светската историја каде и покрај судирите на Блискиот Исток и некои други делови на светот во кои има мали конфликти има помалку смртни случаи отколку оние во 20-от век.
Меѓутоа според успешниот нуклеарен експеримент на Северна Кореја „новата Студена војна“, меѓу Русија и САД и со тоа и отсекогаш непријатниот односи меѓу Пакистан и Индија, постои веројатност за нуклеарна војна.
Оваа тема отсекогаш била омилена меѓу медиумите кои „бркаат сензација“, а на тежина добиваат и поради размислувањата на пензионираниот шеф на Пентагон, Вилијам Пери, кој смета дека нуклеарната војна денес е поизвесна отколку во 70-те и 80-те години на минатиот век.
Да се потсетиме дека нуклеарното оружје е од времето кога Американците фрлаа бомби на Хирошима и Нагасаки, што служеше како оружје за закана, кој никој не сака да го активира, а тоа е разбирливо затоа што Русија и Америка имаат доволно боеви глави да го загрозат опстанокот на човечкиот род на нашата планета.
Сепак ако би дошло до такво сценарио, каде би бегале?
Дејвис и Алексис ги лоцираа најбезбедните места земајќи ги во предвид залихите на нуклеарни боеви глави во државите кои ги поседуваат (САД, Кина, Русија, Велика Британија, Франција, Индија, Пакистан, Израели Северна Кореја), како и веројатноста на судирите со другите нации и долгорочната временска прогноза.
Како најсигурно место на светот се покажа Антарктикот, ледениот континент кој воедно беше и место на првиот договор за употреба на нуклеарното оружје, а во 1959 година се одлучило таму да се спроведува само мирно истражување. Втората опција е Велигденскиот Остров, кој се наоѓа 3.500 километри од Јужна Африка, а третата опција се Маршалските Острови, дел од Микронезија, регион во западниот Пацифик.