Неверојатна приказна доаѓа од Вашингтон каде што еден човек верувал дека добил 340 милиони долари на лотарија, за потоа да остане со празни раце поради грешка на веб-страницата од играта.
Џон Чикс од Вашингтон купил билет за „Пауербол“ на 6 јануари минатата година користејќи ги родендените на неговото семејство за да ги избере броевите.
Тој го пропуштил преносот во живо од ждрепката на победникот, која се одржала следниот ден, но на 8 јануари ја проверил веб-страницата. Чикс се вџашил кога ги видел неговите броеви на екранот, што го натерало да верува дека е мултимилионер. За локалната телевизиска станица „Ен-би-ес 4“ изјавил дека ја фотографирал веб-страницата на која се прикажувале неговите броеви три дена.
Меѓутоа, кога отишол да го откупи својот билет од лиценциран продавач на мало на 10 јануари, открил дека броевите на веб-страницата - оние на неговиот билет - не се совпаѓаат со оние што биле извлечени во живо. Чикс рекол дека потоа отишол во Канцеларијата за лотарија и обложување во Вашингтон за да види дали сè уште ги исполнува условите за наградата, но бил категорично одбиен.
Грешка
Еден работник му рекол: -Ова ливче не е добро, фрли го в ѓубре.
Разбирливо е дека Чикс не бил импресиониран од таквата инструкција.
-Го погледнав човекот. Реков: „В ѓубре? „О, да, само фрли го. Нема да добиеш пари. Има канта за отпадоци“ - се потсетува тој.
Чикс го ставил ливчето на безбедно и сега ги тужи „Паурбол“ и „ДЦ Лотарија“.
Неговиот адвокат, Ричард Еванс, рекол дека Чикс на крајот бил информиран оти „Таоти ентерпрајзс“ - рекламната агенција што управува со веб-страницата на лотаријата - направила „грешка“ и објавила погрешни броеви.
-Тие рекоа дека еден од нивните вработени направил грешка. Допрва треба да видам докази кои ќе го поткрепат тоа – изјавил Еванс.
Еванс додал дека дури и да е направена грешка, Чикс заслужува разрешување на случајот. Сепак, во текот на неколку дена бил убеден дека освоил деветцифрена сума.
Извор: Klik.hr
Фото: Freepik