16.06.2020
Здравје
Ковид-19: Нови 134 заразени, бројот на починати надмина 200
Во текот на изминатото деноноќие се направени 1.173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Новозаразените, според градови се од:
-Скопје - 97
-Куманово - 5
-Прилеп - 1
-Тетово - 11
-Струга - 3
-Велес - 1
-Битола - 1
-Кавадарци - 1
-Крушево - 2
-Валандово - 1
-Кратово - 1
-Кичево - 2
-Ресен - 7
-Неготино - 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале три лица од Скопје, пациент (68 год.) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65 год.) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76 год.) хоспитализирана на 7 јуни.
Во ГОБ „8 Септември“ починале две лица од Скопје, пациент (77 год.) примен на 6 јуни и пациентка (77 год.) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија починал пациент од Куманово (68 год.).
Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67 год.) и пациентка при прием (71 год.). Позитивни резултати на Ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени посмртно.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 34 оздравени пациенти од:
-Скопје - 6
-Куманово - 23
-Прилеп - 2
-Тетово - 1
-Велес - 2
Од Министерството додаваат дека досега во Македонија се направени вкупно 45.054 тестирања за Ковид-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати.
Вкупната бројка на дијагностицирани со Кови-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.289, бројката на оздравени пациенти е 1.757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.331.